За ЕУРОСИГ АД

Нашата компанија е регистрирана за сите видови неживотни осигурувања.
Стручноста на вработените, цврстите принципи на работа и деловност, почнувајќи од информации за клиентите, квалитетна подготовка на договорите за осигурување со јасни дефиниции за опсегот на покритието, па сè до ажурната исплата на штети, се гаранции за сигурноста и довербата, што ја прават компанијата значаен фактор на стабилност.

Брзината и флексибилноста во работењето, образовната структура на вработените, стручното усовршување на кадрите, воведување нови видови и модуси на осигурување, сето тоа ѝ обезбедува на компанијата препознатлива позиција на пазарот.
Наша задача е на нашите осигуреници да им понудиме врвна услуга, која е приспособена на желбите и потребите на клиентите. Се трудиме да го зголемиме и да го одржиме бројот на клиенти, кои ќе умеат да ја вреднуваат нашата насоченост кон квалитетна услуга, како и да го препознаат нашиот пристап кон деловноста.

Настојуваме да им овозможиме квалитет по најповолни услови на нашите клиенти, воведуваме најсовремени методи и стандарди во работењето. Нашето присуство на пазарот ви нуди безбедност и сигурна иднина. Осигурениците за нас се партнери, на кои им нудиме сестрана поддршка.

На вработените им овозможуваме професионален и личен развој, воведуваме перманентно усовршување и обука во дејноста низ различни видови едукација, која се прави интерно од стручно оспособени кадри. Во работењето имаме одговорен однос спрема средствата и спрема осигурениците.

Наша визија е да изградиме осигурителна компанија што на пазарот ќе биде препознатлива по давање осигурителни услуги со најголем квалитет. Градиме успешна и сигурна иднина за нас и за нашите соработници.

Нашите клиенти се секогаш во прв план, тие секогаш имаат предност пред сите. Секогаш сме професионални и со висока морална етика, со успешното работење го градиме нашиот углед и секогаш сме одговорни и љубезни. Кодексот на однесување на нашите вработени со клиентите е на највисоко ниво.
Нашиот портфељ содржи широка палета на повеќе видови неживотни осигурувања. Постојано го прошируваме квалитетот и асортиманот на нашите услуги со поголем опфат на пазарот.
Овозможуваме наплата на премијата на рати.
Процената на штети е брза и стручна, како и исплатата по сите оштетни побарувања.

Брзина и флексибилност

Брзината и флексибилноста во работењето, образовната структура на вработените, стручното усовршување на кадрите, воведување нови видови и модуси на осигурување, сето тоа ѝ обезбедува на компанијата препознатлива позиција на пазарот.

Наша задача

Настојуваме да им овозможиме на нашите клиенти квалитет по најповолни услови, воведуваме најсовремени методи и стандарди во работењето. Нашето присуство на пазарот ви нуди безбедност и сигурна иднина.

Наша визија

Наша визија е да изградиме осигурителна компанија што на пазарот ќе биде препознатлива по давање осигурителни услуги со најголем квалитет. Градиме успешна и сигурна иднина за нас и за нашите соработници.