Штети

За нас е најважно да се чувствувате сигурно!

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје е со вас и тогаш кога ви е најтешко.

Дознајте како брзо и едноставно да пријавите штета. По пријавувањето штета на моторно возило, имот или несреќен случај, останатото е наша грижа.

  • Сообраќајна несреќа
  • Штета од автоодговорност
  • Штета од каско-осигурување
  • Совети во случај на сообраќајна незгода
  • Несреќен случај
  • Штети на имоти
  • СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

    При настанување помала материјална штета, сообраќајната полиција не врши увид на сообраќајната незгода, така што пред да ги отстраните возилата од патот и да овозможите несметано движење на сообраќајот, пожелно е да ја фотографирате положбата на возилата од непосредна близина и на мала оддалеченост, како и трагите од кочење, отпаднати делчиња од ударот што паднале на патот, оштетувањата на возилата...

    Откако сте ги отстраниле возилата од патот, треба уредно и двајцата учесници да пополните Европски извештај за сторената сообраќајна незгода и да ги размените личните податоци и податоците за возилата. Со Европскиот извештај во никој случај не се признава вината, туку тој служи за прибирање податоци за незгодата. Учесниците не смеат да го напуштат местото на несреќата додека не го пополнат Европскиот извештај. Доколку исказите на учесниците не се поклопуваат, тие исто така треба да бидат наведени и запишани, по потреба и на друго парче хартија.

    ПОВИКАЈТЕ СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА ВО СЛЕДНИТЕ СЛУЧАИ:
    • при смртен случај или повреди на кој било од учесниците во сообраќајната незгода (во овој случај повикајте итна медицинска помош)
    • при настанување поголема материјална штета
    • судир со неосигурено моторно возило
    • судир со нерегистрирано моторно возило
    • судир со возило со странска регистарска табличка
    • ако некој од учесниците е во алкохолизирана состојба
    • ако учесникот во сообраќајната незгода е без соодветна возачка дозвола

    Оштетувањата на возилата мора да бидат непроменети до пријавата на штетата кај осигурителот и до доаѓањето на претставникот на осигурителната компанија поради реконструкција и процена на штетата. Во секој случај мора да бидат на увид возилата учесници во сообраќајната незгода.
  • ШТЕТА ОД АВТООДГОВОРНОСТ

    Постапка за пријавување штета

    Во случај на сообраќајна незгода со друго возило, вашето оштетно побарување го поднесувате во компанијата за осигурување кај која е осигурено лицето кое е одговорно за сторената сообраќајна незгода. Ако е штетник возилото осигурено во ЕУРОСИГ АД Скопје, вашето барање можете да го поднесете во најблиската наша подружница.

    Образецот за пријава на штета можете да го најдете на нашата веб-страница и пополнет со сите барани податоци да го потпишете своерачно и да го предадете со комплетната документација што ја поседувате (ако сте ја фотографирале местоположбата на возилата - фотографиите, фотокопија од возачката дозвола, фотокопија од сообраќајната дозвола, пополнет Европски извештај за незгодата, полициски записник, медицинска документација) во нашата најблиска подружница.

    Во случај кога сообраќајната полиција нема направено увид на незгодата, потребно е двајцата учесници со своите возила да дојдат на процена на штета поради реконструкција на оштетувањата. На тој начин ја забрзувате постапката за решавање на вашето оштетно побарување.

    Доколку при незгодата оштетувањата на возилата се такви што возилото не е во возна состојба, ве молиме во пријавата да го наведете местото на кое се наоѓа возилото како би можел нашиот проценител да изврши преглед на оштетувањата на возилото.
  • ШТЕТА ЗА КАСКО-ОСИГУРУВАЊЕ

    Постапка за пријавување штета

    Во случај на настанување сообраќајна незгода во која е направена штета на возилото за кое имате каско-осигурување, вашето барање за надоместок на штета го поднесувате во компанијата со која имате склучено каско-осигурување. Доколку имате каско-осигурување во ЕУРОСИГ АД Скопје, вашето барање за надоместок го поднесувате во најблиската филијала.
    Образецот за пријава на штета можете да го најдете на нашата веб-страница и пополнет со сите барани податоци да го потпишете своерачно и да го предадете во најблиската подружница со следната документација:

    • оригинал полисата на каско-осигурување
    • фотокопија од сообраќајната дозвола
    • фотокопија од возачката дозвола (ако возилото било во движење во моментот на настанување на сообраќајната незгода)
    • записник од сообраќајна полиција за увид на самото место

    Оштетувањата на возилата мора да бидат непроменети до пријавата на штета кај осигурителот и до доаѓањето на претставникот на осигурителната компанија поради процена на штетата.

    Во случај на кражба на возилото, ве молиме да ни доставите уште:

    • потврда од МВР во кое е пријавена кражбата и дека возилото не е пронајдено по поминатиот период од 60 дена од денот на кражбата на возилото
    • одјавена сообраќајна дозвола
    • сите оригинални клучеви од возилото
  • СОВЕТИ ВО СЛУЧАЈ НА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

    Подетално во случај на сообраќајна несреќа:

    со возило со странска регистарска табличка

    Кога сообраќајната незгода ја предизвикал возач со возило со странска регистарска табличка, учесниците се должни да постапат исто како да станува збор за домашна регистарска табличка, со тоа што сте должни задолжително да повикате сообраќајната полиција. Од возачот на странското возило треба да побарате копија од неговата зелена карта, а доколку возачот ја нема, потрудете се да ја добиете бидејќи тој документ ќе ви ја олесни постапката за утврдување на надлежноста на осигурителот. Зелената карта е доказ за валидност на странското осигурување, по кое ќе го реализирате своето барање за надоместок на штетата, посебно ако регистарската табличка на странското возило не е од некоја од земјите членки на ЕУ, Швајцарија, Норвешка или Исланд.

    Оштетениот може да го достави своето барање до Националното биро за осигурување на Р. Македонија, кое обработката на предметот ќе ја повери кај некоја од своите членки (осигурителни компании) водејќи сметка за важечките кореспондентни договори и судир на интереси. Кореспондентните партнери можете да ги пронајдете на веб-страницата на Националното биро за осигурување – гарантен фонд за неосигурени моторни возила...

    со неосигурено моторно возило

    Во случај како трето лице да сте претрпеле штета од неосигурено моторно возило, задолжително повикајте сообраќајна полиција, а вашето оштетно побарување поднесете го во Националното биро за осигурување.

    со непознато моторно возило

    Во случај на сообраќајна незгода со непознато моторно возило во која како трето лице сте претрпеле нематеријална штета, вашето оштетно побарување за надоместок на штета поднесете го во Националното биро за осигурување.

    со моторно возило на АРМ

    Во случај на сообраќајна незгода со возило на АРМ, вашето оштетно побарување поднесете го до Министерството за одбрана на Република Македонија.

    во странство

    Во случај на незгода во странство наша препорака е да повикате полиција, освен ако во таа држава е практика полицијата да не излегува на самото место (незгода со мала материјална штета) препорачуваме да ја фотографирате положбата на возилата и местото на сообраќајната незгода од непосредна и од поголема оддалеченост како и трагите на кочење, отпадоци од ударот на возилата на патот, оштетувањата на возилата... Во тој случај заедно со другиот учесник или учесници пополните и потпишете Европски извештај за незгода, односно да ги размените податоците за осигурување.

    Европскиот извештај за незгода без разлика на јазикот, содржајно е истоветен на подрачјето на цела Европа. Содржината на тој образец можете да ја разберете со споредување со вашиот образец. Во случај кога полицијата во таа држава нема да излезе на самото место, учесниците не смеат да го напуштат местото на настанот додека не го пополнат Европскиот извештај. Во случај кога е виновно странското возило за сообраќајната незгода, задолжително да се јавите на осигурителната компанија чиј осигуреник е штетникот или, пак, во Националното биро, чија адреса, број на телефон и факс можете да ги пронајдете на задната страна на зелената карта.

    Доколку не сте контактирале со надлежната осигурителна компанија или со Националното биро и како би ги избегнале понатамошните непријатности, потребно е пред да го напуштите подрачјето на односната држава, да земете потврда за штетата од најблиската полициска станица поради докажување на местото на настанување на штетата.

    По враќањето во земјата, ако не сте поднеле оштетно побарување во државата во која настанала сообраќајната несреќа, обратете се во Националното биро за осигурување на Република Македонија, чии стручни служби ќе ви дадат потребни совети за поднесување и реализирање оштетно барање.
  • НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ

    Во случај на настанување осигурен случај по полисата за осигурување од последици на несреќен случај (незгода), потребно е да се преземат сите мерки како би се намалиле последиците и потребно е да се придржувате кон упатствата од осигурителот.

    Доколку настане осигурен случај (незгода) и осигуреникот е повреден, тој е должен:

    • да се јави на лекар поради преглед и пружање потребна помош и преземање мерки за лекување и да се придржува до лекарските совети во поглед на начинот на лекување;
    • за настанатиот осигурен случај (незгода) писмено да го извести осигурителот во рок од три дена, односно кога е во можност тоа да го направи според неговата здравствена состојба.

    Доколку настанатиот осигурен случај има за последица смрт на осигуреникот, корисникот на осигурувањето е должен:

    • писмено да го извести осигурителот во рок од три дена за настанатиот осигурен случај смрт на осигуреникот, односно кога е во можност тоа да го направи според околностите поради случајот.

    Како и каде да ја пријавите настанатата штета од осигурување на несреќен случај (незгода)?

    • Настанатата штета од осигурување на несреќен случај (незгода) можете да ја пријавите во нашите подружници низ земјата. Образецот за пријавата можете да го најдете на нашата веб-страница, треба да го пополнете со сите барани податоци и своерачно да го потпишете.

    ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
    Која документација е потребна за пријава на штета од осигурување последици од несреќен случај (незгода)?

    За да биде што поитна обработката на вашата штета, ве молиме при пријавата на штетата да ги доставите следните обрасци и документи: образец за пријава на несреќен случај


    • оригинал полиса за осигурување и доказ за уплатена премија
    • доказ за околностите на настанување несреќен случај (записник за увид и пријава за повреда на работа);
    • медицинска документација со утврдени последици поради утврдување на конечниот процент на траен инвалидитет;
    • како и други потребни докази во зависност од околностите под кои настанал осигурениот случај ( на пример, возачка дозвола, сообраќајна дозвола, полициски записник, алкотест...).

    Доколку настанатиот осигурен случај има за последица смрт на осигуреникот:

    • образец за пријава за смрт од несреќен случај;
    • оригинал полиса за осигурување и доказ за уплатена премија;
    • доказ дека смртта настапила како последица на несреќен случај (отпуст од болница, наод на лекарот за настанатата смрт).
  • ШТЕТИ НА ИМОТ

    Што треба да направиме кога ќе настане осигурен случај?

    Кога ќе настане осигурен случај, потребно е да се преземат сите мерки како би се намалила штетата и притоа да се придржувате кон упатствата дадени од осигурителот, како оштетениот објект или оштетените предмети нема да бидат изложени на понатамошни оштетувања.

    Треба веднаш, а најдоцна три дена од настанувањето на осигурениот случај да се извести осигурителот за настанатиот осигурен случај.

    Треба веднаш, а најдоцна од три дена од настанувањето на осигурениот случај писмено да ја потврдите, усмено, по телефон или телефакс или на кој било друг начин дадената пријава за настанатиот осигурен случај.

    Во сите случаи предвидени со прописите, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба, провална кражба и разбојништво и сообраќајна незгода, да се пријави на надлежниот орган на внатрешни работи и да се наведе кои предмети се уништени односно оштетени или, пак, исчезнале при настанување на осигурениот случај.

    Веднаш по настанување на осигурениот случај, ако е тоа возможно, односно кога околностите го дозволуваат тоа, да се поднесе до осигурителот попис на уништените односно оштетените предмети со назначување на нивната вредност.

    До доаѓањето на претставник од осигурителната компанија на самото место на настанот, да остане состојбата на оштетените предмети онаква каква била без промени, освен ако промената е неминовна во интерес на смалување или зголемување на штетата, односно поради продолжување на нормално производство. Ако до промената дојде поради продолжување на нормалното производство, осигуреникот е должен веднаш да го извести осигурителот по телефон или на друг начин. Ако мора да се изврши поправка, задолжително да се сочуваат заменетите делови за потреби на можен увид на штетата.

    Осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штета, на претставникот на осигурителот да му ги пружи сите податоци и други докази што се потребни за утврдување на причината за настанување на штетата, опфатот и висината на самата штета. Осигурителот може да бара од осигуреникот и други потребни докази ако е тоа нужно, потребно и оправдано.

    Како и каде да пријавите штета од осигурување имот?

    Штетата може да ја пријавите во нашите подружници во земјата.
    Образецот за пријава на штета можете да го најдете на нашата веб-страница, да го пополните со сите барани податоци и своерачно да го потпишете и со бараната документација што ја имате, да ги доставите до нас.

    Штетата може да ја пријавите и по телефон или по факс, но што побрзо и во рок од три дена писмено да ја потврдите таквата пријава на пропишан образец.

    ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    Која документација ви е потребна за пријава на штета на имот?

    За да биде што поитна обработката на вашата штета, ве молиме во пријавата на штетата да ги доставите следните обрасци и документи:


    • образец пријава на штета на имот со назнака на начинот на исплата на штетата (број на жиро-сметка на осигуреникот, трансакциска сметка и банката во која се отворени);
    • оригиналната полиса за осигурување со бараните прилози;
    • во сите случаи предвидени со прописите, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба, провална кражба и разбојништво и сообраќајна незгода, потребно е да се достави и потврда на надлежниот орган на внатрешни работи за настанување на осигурениот случај;
    • спецификација на оштетените, исчезнатите или уништените предмети (марка, тип, количина, година на производство, и сл.);
    • сметки од купените предмети (доколку постојат).