ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА

Што се смета за несреќен случај?

Несреќен случај се смета секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој дејствувајќи однадвор и ненадејно, на телото на осигуреникот ќе има за последица негова смрт, целосен или делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа или нарушување на здравјето, кое бара лекарска помош.

Како несреќен случај се сметаат следните настани: прегазување, судир, удар со некаков предмет, електричен удар или удар од гром, лизгање, колабирање, ранување со оружје, со други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување од животно и убод од инсекти.

Осигурувања

Со желба да ви пружиме помош и да ви овозможиме значителна материјална поддршка, креиравме широка палета осигурување од последици на несреќен случај (незгода). Бидејќи тие можат да бидат различни, на корисниците на осигурувањето им ги покриваме следните надоместоци:

* сума на осигурување во случај на смрт од незгода
* процент од осигурената сума во случај на траен инвалидитет
* сума на осигурување во случај на смрт од болест
* дневен надоместок - преодна неспособност за работа
* трошоци за лекување

Осигурувањето од последици од несреќен случај е 24 часа на ден, при и надвор од редовното занимање. По оваа тарифа можат да се осигурат лица од 14 до 75 години.
Премијата на осигурување зависи од професијата на осигуреникот, па во зависност од тоа колку е ризична професијата, се класифицираат во три типа опасности.
Во зависност од тоа кое осигурување е договорено, премијата може да се плаќа месечно или, пак, годишно.