Осигурување посеви и плодови

Посебна обврска спрема аграрот претставува осигурувањето на посевите и плодовите.

Ние настојуваме успешно да го заштитиме имотот на нашите осигуреници, нивните засадени полиња и овоштарници. Тоа го правиме со широк спектар услуги како би овозможиле сигурност во дејноста, која е несигурна и подлежи на многу непредвидени ризици.

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје ги осигурува сите видови посеви според Општите услови за осигурување посеви и плодови.

Осигурувања

 

Предмет на осигурување

(1) Осигурени се:
(2) Кај посевите и плодовите се осигурени:

Осигурени опасности (ризици)

(1) Осигурителот има обврска да плати надоместок за штети предизвикани со оштетување или уништување на осигурените посеви и плодови од основните опасности град, пожар и гром, додека посевите, односно плодовите се неожнеани односно необрани.

(2) Осигурителот има обврска да плати надоместок од осигурување за штетите само за загуба на количински принос, а не и во квалитет, освен кај:


(3) Осигурителот има обврска да плати надоместок од осигурување и за штетите настанати во загуба на квалитет кај тутунот осигурен по Посебните услови.

(4) Осигурителот има обврска да плати надоместок од осигурување и за штети настанати со загуба на квалитет кај:

Опасности (ризици) што не се опфатени во осигурувањето

Со осигурување не се опфатени штети што ќе настанат како последица на:

1. Војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали војна била објавена или не), граѓанска војна, побуна, револуција, востание, граѓански немири, имајќи го предвид учеството во или големината на востанието, воената или узурпаторска сила; или
2. а) биолошка или хемиска контаминација;
    б) проектили, бомби, гранати, експлозивни средства; поради секое дејство на тероризам.

Осигурување од луња
Под луња се подразбира движење на воздушна маса односно ветер со јачина од 17,2 м/с и повеќе.

Осигурување од пролетен мраз
Под пролетен мраз се подразбира паѓање на температурата во воздухот под 0 степени Целзиусови.

Осигурување од губење на семенски квалитет
Осигурителот е во обврска да надомести штета поради губење семенски квалитет предизвикан од основните ризици.

Осигурување посеви и плодови во оранжерии и пластеници

- услов е да имаат инсталирани термографи
- фолијата да не е постара од една година

Оранжериите, пластениците, инсталациите и приборот во нив, саксиите и земјата не се опфатени со осигурувањето.
Ризици покриени со осигурувањето се: мраз, град, пожар, гром, луња, натрупување, односно насобирање снег, лед, гради вода на стаклото, односно на пластеникот, лизгање или одронување на почвата, земјотрес, снежна лавина, поплава, удар на сопствено моторно возило или работна машина.

Доколку се плати соодветна премија, покриени се штети настанати како механичко оштетување на културите од ризикот град, пожар, гром и луња – директно или индиректно (паѓање на конструкцијата или делови на конструкцијата).

Осигурување овошни стебла и лозови пенушки – насади во род
Покриени се штетите од град, пожар, гром, луња, снежна лавина, натрупување снег и лед на круната, одронување и лизгање на почвата.

Осигурување овошни стебла и лозови пенушки на млади насади до прородување
Покриени се штетите од град, пожар, гром, луња, снежна лавина, натрупување снег и лед на стеблата односно лозата, одронување и лизгање на почвата.

Осигурување асталско грозје од губење количество и квалитет
Осигурителот има обврска да надомести штети предизвикани со губење количество и квалитет на приносите од град.

Осигурување плодови од овошје од губење количество и квалитет
Осигурителот има обврска да надомести штети предизвикани со губење на количество и квалитет на приносите од град.